Дејвид Гета (54) ужива на плажа во Мајами со својата вереничка Џесика Ледон (30).
Тие каде и да се појават, не можат да поминат незабележано, со оглед на нивното јавно изразување на љубов.
Деновиве парот се наоѓа во Мајами каде уживаат на плажа и се опуштаат максимално.
Тие иако во врска се над седум години, сепак очигледно е дека страста не згаснала. Дејвид се верил со Џесика и сега не планираат брак затоа што тој „повеќе не верува во истиот“.
Имено, Гета се разведе од својата поранешна сопруга во 2014 година, по 22 години брак. Парот бил во брак од 1992 година, а заедно се грижат за нивните деца, синот Елвис (18) и ќерката Енџи (14).
Во 2015 година Дејвид веќе започнал да се забавува со неговата сегашна вереничка Џесика, на која ѝ го дал „прстенот на искрената љубов и посветеност“.