Новинарката на руската државна телевизија, кој протестираше против војната во програма во живо, ги повика другите Руси јавно да ја осудат „страшната војна“.
Марина Овсјаникова упадна во студиото на државниот Канал 1 додека се емитуваа вестите и носеше транспарент со натпис „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Тука ве лажат“.
Таа беше казнета со 30.000 рубљи (околу 280 долари) и пуштена на слобода, со можност против неа да биде покрената постапка. Франција и понудила азил, но таа одбила.
Овсјаникова за американскиот Еј-Би-Си изјави дека нејзиниот протест е „спонтан“, но и дека во неа со години се трупало незадоволство од руската влада. Таа тврди дека тоа е случај со многу нејзини колеги.
„Разговарав со пријателите и колегите, никој до последен момент не можеше да поверува дека ќе се случи такво нешто, дека ќе започне оваа ужасна војна“, изјави таа за ABC This Week.
„Кога почна војната, не можев да спијам, не можев да јадам, отидов на работа, но по една недела известување за војната, атмосферата на Канал 1 беше толку непријатна што сфатив дека не можам да останам таму“, рече таа.
Овсјаникова истакна дека размислувала да се приклучи на протест на јавно место, но се откажала кога видела дека полицијата ги апсела демонстрантите.
„Решив да направам нешто друго, поважно. Да му покажам на светот дека Русите се против војната и да им покажам на Русите дека сето тоа е само пропаганда“, рече таа.
Таа се надева дека ги охрабрила другите луѓе да зборуваат против војната.
Овсјаникова за француската телевизија „Франс 24“ изјави дека протестот и го уништило семејството, а особено е погоден нејзиниот помал син.
„Но, мораме да ја запреме оваа братоубиствена војна“, заклучува руската новинарка.
EXCLUSIVE: Russian state TV editor, Marina Ovsyannikova, who protested Russia's invasion of Ukraine on the evening news broadcast tells @gstephanopoulos: "The Russian people are really against the war. It's Putin's war, not Russian peoples' war." https://t.co/VFTEJZL2eo pic.twitter.com/9O5p6kpfSZ
— This Week (@ThisWeekABC) March 21, 2022
Инаку, руската државна телевизија конечно се огласи за протестот организиран во етерот од сега веќе поранешната уредничка на таа телевизија, Марина Овсјаникова.
Шефот на одделот за вести на руската државна телевизија Кирил Клеимјонов ја обвини дека го сторила тоа бидејќи била британски шпион. „Таа ја предаде својата земја и сите нас… студена, претенциозна и за бонус“, рече Клеимјонов.
„Предавството е секогаш нечиј личен избор… но треба да се кажат работите со нивното вистинско име. Ако на сите добро познатиот чин за земање на 30 сребреници. го наречеа чин од страст, светската историја би изгледала многу поинаку“, рече тој.
Channel One has finally responded to Marina Ovsyannikova’s on-air protest.
Kirill Kleimyonov, head of the news division, accuses her of being a British spy.
He said she has “betrayed [her] country and all of us … coldly, duplicitously, for a bonus.”
— max seddon (@maxseddon) March 21, 2022