Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство.
-Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик – велат за Фокус од Обвинителството.
Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори.
Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата.