Еден личен тренер од Бразил реагирал доста бурно кога открил дека сопругата го изневерува, со бездомник.
Едуардо Алвеш е снимен како се приближува до паркиран автомобил и ѕирка низ шофершајбната, за да ја види својата партнерка со друг маж внатре. Бесен, тој удира со тупаници по стаклото пред да ја отвори вратата од автомобилот и да влезе внатре да го претепа.
Неговата сопруга, која често поминува време во црква, подоцна изјави дека добила „порака од Бог“ да им помогне на бездомниците. Затоа со мајка си оставила се, вклучително и сопругот за да им помогне на бездомниците, пренесува Дејли Мејл.
Откако раскинале, Едуардо не можел да контактира со неа. Алвеш подоцна пронашол автомобил кој неговата сопруга го паркирала до основното училиште, а откако се приближил до возилото видел глетка која го налутила.
Прво тврдел дека мислел дека неговата сопруга била силувана.
Снимката од надзорната камера го фатила Алвеш како го тепа бездомникот, кој потоа излегол од возилото. Но Алвеш го следи и повторно го тепа. Потоа се гледа како неговата сопруга лежи на земја пред автомобилот, вознемирена од ситуацијата.
Алвеш наводно и рекол на полицијата дека прво мислел дека станува збор за силување на кое бил сведок преку шофершајбната. Меѓутоа, неговата сопруга, чие име не е соопштено, во полиција изјавила дека односот што го имала со мажот во тоа време бил всушност консензуален. Таа, исто така, изјавила на полицијата дека ужива да им помага на ранливите луѓе преку црквата која ја посетува.
Бездомникот е пренесен во болница со модринки и набиеници под очите, а наводно добро се опоравува од повредите.