27-годишната Украинка Олга е тешко повредена додека го криела своето бебе од шрапнели во Киев, се присетила на шокот кога видела крв како го покрива нејзиното дете по ударот на проектил кој го скршил стаклото во собата, пренесува Ројтерс.
Бебето не е повредено, но мајката се здобила со повеќе повреди, се вели во соопштението.
Мајката и таткото на детето биле дома и го хранеле бебето во раните утрински часови кога нивната зграда била гранатирана. Тие слушале звуци на гранатирање во текот на ноќта се` поблиску и поблиску, велат од болницата.
– Бев ранета во главата, а крвта почна да тече. И сето протече на бебето. Не можев да разберам што се случува, мислев дека е нејзината крв – рекла Олга.
Додека таткото на Викторија, Дмитро, го земал девојчето, Олга рекла дека таа почнала да вреска дека нејзината ќерка е исечена.
На сликата објавена од болницата се гледа како мајката го храни бебето со голем завој околу главата додека таткото стои до нив.