Причината за апсењето на поранешениот бугарски премиер Бојко Борисов е тоа што тој го рекетирал коцкарскиот магнат Васил Божков, за што имало 120 дојави до главното Европско јавно обвинителство на Лаура Ковеши, тврди адвокатот на Борисов, Менко Менков. Ова го потврди и бугарскиот министер за финансии Асен Василев. Божков за истрагата изјавил дека му дал поткуп од над 60 милиони лева, односно 30 милиони евра на Борисов за што наводно, имал неспорни докази.
„Најголемиот рекет во историјата на Бугарија“, напишал Божков на Фејсбук.