Нема да ги отстранувам влакната од лицето: Босанка им кажа „не“ на жилетите (ФОТО)

by Тони Зографски

Елдина Јагањац (32) со босанско потекло решила да не ги кубе веѓите и да не ги отсранува мустаќите.

Оваа учителка која живее во Копенхаген размислувала зошто жените тоа би морале да го прават, а тоа е целосно препуштено на мажите како опција.

Таа го привлекла вниманието на себе со документирање на нејзината одлука на социјалните мрежи. Таа, исто така, им помогнала на другите да се чувствуваат посигурни и да бидат верни на себе, наместо да се трудат да им угодат на другите.

Елдина вели дека не одлучила туку-така да престане да ги отстранува влакната од лицето, ниту пак била ненадејна одлука. Тоа било постепен процес.

„Не би рекла дека тоа е нешто што се случи одеднаш, но станував сè пофрустрирана што морав да ги вадам влакната без причина. Гледам дека мажите излегуваат без да ги отстранат влакната, па зошто јас морам? Сфатив дека можам многу подобро да го искористам времето. Не сум против бричење, но ме нервира очекувањето дека секоја жена треба треба да го прави тоа постојано“, рекла Елдина за „Bright Side“.

Стандардите за мажите и жените се различни во општеството во кое живееме, и тоа го чувствуваат многу жени кои ѝ се обратиле на Елдина.

„Многу жени ми пишаа и ми рекоа дека исто така чувствуваат притисок да ги отстранат своите влакна од телото, иако не го сакаат тоа. Но, чувствуваат притисок од општеството да го направат тоа или би биле малтретирани бидејќи имаат влакна на телото“, додала Елдина.

„Ми пишаа и жени кои велат дека се чувствуваат како да се единствени со влакна на лицето или со истакнати влакна на телото. А всушност има толку многу жени кои имаат влакна на телото и тоа не е нешто несекојдневно. Добив можеби 100 негативни пораки од мажи, а можеби 4-5 од жени“, раскажува девојката.

„Да бидеш верен на себе е многу важно и секогаш ќе постојат луѓе кои ќе те сакаат таков каков што си. Мојот совет би бил дека ако луѓето не те сакаат, секогаш можеш да најдеш нови пријатели. Секогаш можете да најдете друга група на луѓе кои ќе ве прифатат и ќе го ценат вашето мислење и чувства. И дали навистина сакаш да си сакан поради нешто што не си?“, рекла Елдина.

останати вести