Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов е приведен за време на специјална операција на бугарската полиција поради злоупотреба на средства на Европската Унија.
Приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на одборот за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на службата за информирање на владата Севдалина Арнаудова.
Борисов беше изведен од својата куќа во округот Банкја и одведен во главната управа на националната полиција. Според неговиот адвокат Менко Менков, на Борисов веројатно ќе му биде одредено задржување до 24 часа.