Здраво, се јавувам од Свинтон, може ли едно такси? Дестинација? Украина. Така по пијанството Британката Леони Фидес (34) наредила на Убер бидејќи, како што вели, сакала да им помогне на Украинците кои се бранат од руска агресија.
Рутата беше Свинтон, Англија – Украина.
Ден по лудата ноќ која го прославила роденденот со пријателите, не ни знае зошто повикала такси.
Таа вели дека некој во друштвото ја отворил темата за Украина и едноставно се вознемирила, пренесува Daily Mirror.
– Испив малку повеќе џин, малку самбука и вино. Потоа нарачав такси. Следното утро добив повик од банката за чудните активности на мојата картичка. Ме предупредија дека немам доволно на сметката за таа трансакција – рекла Леони и открила дека сметката била околу 5200 евра
– Мило ми е што не ми симнаа пари од картичката. Имам 34 години, требаше да бидам попаметна. Убер ја прифати рутата, но за среќа немав доволно пари. Дури пред некој ден се сетив што сум направила.Со еден пријател планиравме да одиме во Украина за да им помагаме на луѓето. Пиевме премногу и се сè смени. Не знам што ќе се случеше да ми ги земаа парите и да влеземе во такси. Се сеќавам дека после тоа чекавме час и половина за друго такси да се вратиме дома. Убер ја прифати мојата рута до Украина а не можеше да ме однесе до куќа која е оддалечена 10 минути возење, рече Леони.