Една од најубавите француски актерки Жилиет Бинош на 9 март го прослави својот 58 роденден, а само неколку дена пред тоа се појави на проекцијата на нејзиниот нов филм „Fire“ во Њујорк, покажувајќи дека е олицетворение на сведен, елегантен француски стил, и дека годините ги носи со стил и достоинство.
Жилиет блескаше во ефектна, необична, но едноставна комбинација на црни сатенски панталони со широки ногавици и скулптурален, црн корсет со впечатлива, помпезен израз во деколтето.
Убавата бринета ја истакна својата витка линија, но ништо не можеше да ја засени нејзината широка насмевка и вродената харизма и елеганција.
Славната Французинка отсекогаш знаела да се наметне и да се избори за своето место под сонцето, а во светот на кинематографијата влезе како 18-годишна девојка. Сепак, таа неодамна призна дека не и било лесно на самиот почеток на нејзиниот пробив на филмското платно.
„Морав да одам на кастинзи, а немав облека, немав пари… Затоа морав да работам како касиерка. Мајка ми ги плаќаше првите часови на театарот, но тоа е се. И морав некако да преживеам, во тоа време имав дечко од Италија, живеев со него и за среќа – тој беше дарежлив кон мене. Тешко беше да се прават кастинзи, требаше да се биде автентичен на нив и да се преживее во исто време“, изјави таа во јануари годинава.
https://www.instagram.com/p/CbEPaBljNvs/
Жилиет во неколку наврати зборуваше за длабоката рана од детството, која никогаш целосно не ја залечи. Имено, актерката и нејзината сестра биле практично напуштени од родителите кога имала само 4 години, испраќајќи ги во интернат каде нејзината баба работела како готвачка.
„Цел живот се борев со стравот од загуба. Како дете, моите родители ме оставија и тоа чувство отсекогаш беше дел од мене. Бев пречувствително дете, останав пречувствителна жена“, рече таа пред неколку години.
„Ги оставив сите мажи кои ги сакав кога ќе се појавеа проблеми во нашата врска од страв дека тоа нема да го направат пред мене. Не можев да поднесам да биде поинаку“, додала таа. Затоа и не е чудно што никогаш не се омажила, иако имала голема љубов и што никогаш не одговорила на дури четири запросувања.
Нејзината мајка, учителка, режисерка и актерка, и татко, режисер, скулптор и актер, во времето кога ја оставија биле многу млади, без пари и штотуку се разведоа. Сега, кога одгледала две деца, може да ги разбере, но како што созрева долго време ја следи чувство на напуштеност, објасни таа.
Жилиет го поминала својот живот обидувајќи се да ја залечи таа рана и да го разбере потегот на нејзините родители, а вели дека терапијата и љубовта што на крајот преовладувале и помогнале да не чувствува огорченост.
„Некако сакаа да имаат свој живот, бидејќи вистина е дека кога имаш деца, мораш да жонглираш“, рекла Жилиет и признала дека во подоцнежните години се зближила со нејзиниот татко, но и со мајка си, која и всадила љубов кон книгите, музиката и филмовите.