БЕЗ СЕРТИФИКАТ ВО ОТВОРЕНИОТ ДЕЛ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ, предлага Комсијата

by Тони Зографски

Комисијата за заразни болести денеска препорача укинување на сертификати во отворени угостителски објект.

-Да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителскиот објект, истакнаа од Комисијата.

Комисијата препорача и укинување на задолжителната обврска за носење заштитна маска кај учениците од основните училишта, како и зголемување на процентот на исполнетост на затворените објекти на 75 отсто.

Овие препораки од Комисијата ќе се најде на седница на Главниот кризен штаб, а ако се прифатат таму, потоа за истите ќе се одлучува и на седница на Влада.

останати вести