Џенифер Лопез, музичка и актерка, и на 53 години може да се пофали со завидна фигура и одличен изглед, а многумина тврдат дека изгледа подобро отколку на почетокот на кариерата.
Тоа повторно го докажа во новата модна кампања на италијанскиот бренд „Dolce & Gabbana“.
Латино убавицата претстави нова колекција на очила за сонце со многу секси фотографии.
Со многу провокативна долна облека таа ги истакна сите свои атрибути.
Извајаните стомачни мускули и фит линијата дојдоа до израз, а сите го пофалија изгледот на Џенифер Лопез.
Во првата серија фотографии, Лопез носи долна облека со чипка и подвезици, надополнета со гламурозни локни и големи црни очила за сонце. Покрај обетките, најефектен е и ѓерданот со „D&G“ монограм.
Во вториот сет фотографии, Џенифер се појавува во елегантна чипкана ролка и корсет, со подигната коса и во нешто поедноставно издание без накит.
Еден од најмоќните стајлинзи е црното сако, а Џеј Ло на фотографиите позира покрај манекенот Давид Ганди.