Цената на нафтата падна на меѓународните пазари падна на под 100 долари во пресрет на новите рунди преговори меѓу Украина и Русија за ставање крај на конфликтот, што се совпадна со загриженоста на инвеститорите за побарувачката од Кина.
Цените на нафтата пред една недела беа над 130 долари за барел. Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар потона за 4,05 отсто, на 102,60 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,10 отсто, на 98,80 долари.
На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,87 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,22 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 117,80 на 118,30 јени, што е ново највисоко ниво во последните пет години.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1.09935 долари.