“ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ЗЛОСТОРСТВО“ – руски пилот им порачува на патниците (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Руски пилот ја осуди војната на неговата земја против Украина додека бил на работното место, велејќи úм на патниците дека верува дека чувствителните граѓани ќе направат сè за да се стави крај на насилството,

Видеото од пораката на пилотот беше објавено на Твитер од новинарот на Гардијан, Пјотр Зауер.

„Војната во Украина е злосторство“, рече пилотот, цитиран од Зауер.

„Мислам дека разумните граѓани ќе се согласат со мене и ќе направат тоа да престане“, рекол пилотот.

Тој рече дека зборува во свое, лично име, а не во име на компанијата.

останати вести