БОЛНАТА ГЛУМИЦА ПОМИНУВАЛА НИЗ ПЕКОЛОТ: Партнерот ја давел сѐ додека не се онесвестила (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешното момче на Селма Блер, Роналд Карлсон, доби забрана да ѝ се приближи на актерката по, како што рече, физичка пресметка дома, по што таа остана со модринки. Селма на 25 февруари се пожалила кај надлежните и го раскажала целиот настан од пред три дена.

Според судските документи што ги објави „Пипл“, Селма тврди дека Рон бил во нејзиниот дом и ѝ враќал телевизор. Таа, пак, го завршила третманот за мултиплекс склероза неколку минути претходно и затоа била исцрпена. Откако таа му ги вратила клучевите од неговиот стан, а тој ѝ ги вратил нејзините, Селма му кажа на Рон дека не се чувствува добро. Тој тогаш вербално ја нападнал и ѝ кажал дека е бескорисна и дека можел да си најде многу подобра жена од неа. Потоа физички ја нападнал и ѝ скокал по телото додека таа лежела наведната на софата. Селма тврди дека тој пробал да ја задави и ѝ ги тресел главата и рамената агресивно.

Во својата судска пријава, Селма вели во самоодбрана ги ставила прстите во очите и устата на Рон додека врескала за помош по нејзината куќна помошничка, која во тоа време била горе. Потоа, Рон, наводно, ја ставил раката на нејзината уста и лицето, ја турнал на каучот, па Селма не можела да дише. Селма тврди дека накратко ја изгубила свеста пред Рон да ѝ удри шлаканица и да ѝ ја турне на страна главата, при што таа паднала на подот и почна да крвави од носот.

По заминувањето на Рон, Селма се јавила во полиција, а тој бил уапсен подоцна истата вечер за кривично дело семејно насилство со телесни повреди.

Судијата во Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил барањето за забрана што го поднела Селма.

останати вести