Вангелија Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е една од најпознатите пророци во историјата. Самото нејзино име Вангелија, преведено од грчки јазик значи „Гласник од Благословениот Свет“. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош. Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Таа ги предвидела и нападите на Кулите Близначки во Америка уште во 1989 година, потоа создавањето на ИСИС, како и Брегзитот. Баба Ванѓа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. Таа почина на 11-ти август 1996 година.
За 2019 година Баба Ванѓа предвидува економски колапс во Европа и обид за атентат на Владимир Путин. Таа смета, дека опасноста за убиство на рускиот претседател ќе дојде од неговиот тим за обезбедување, но Баба Ванѓа не прецизираше дали тој ќе го преживее атентатот.
Исто така Баба Ванѓа за престојната година предвидува дека огромно цунами, слично на она од 2004 година, ќе ја погоди Азија, а очекува огромен метеор да падне во Русија.
Што се однесува до американскиот претседател Доналд Трамп, таа предвидува дека тој ќе оболе од мистериозна болест, од која ќе оглуве. Исто така таа предвидува дека Трамп ќе страда од психичко пореметување.