Српската глумица Мирјана Карановиќ (65) на своите следбеници на Инстаграм им откри дека се заразила со коронавирус и дека моментално е во болница. Таа со фотографијата која ја сподели на својата инстаграм-приказна откри дека е во КБЦ Бежаниска коса во Белград.
“Короната стаса и до мене. Добро сум. Благодарам на медицинските сестри и лекарите во болницата“, напишала актерката покрај фотографијата на која седи на болнички кревет со маска на лицето.