692
			
				            
			
			        
    Видеото од момчето Валериј кое ја минува границата на Украина и Полска со торба во рака го обиколи светот. Иако беше објавено дека тоа го направил сам, плачејќи, полската гранична служба ја демантираше оваа информација.
„Ве известуваме дека, спротивно на пренесените информации, четиригодишниот Валериј не ја поминал сам границата, туку бил со своето семејство. На граничниот премин Медика добивал слатки од службениците. Тој и неговото семејство се безбедни во Полска“, соопшти полската гранична служба.

 
											