Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце се разделија. По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно. Орце и Ирена Спасовска, парот кој во македонската јавност важеше за еден од оние кои имаат најстабилна врска.
Медиумите шпекулираа во врска со нивната разделба но пред извесно време Орце искрено проговори и рече дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило.
-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката.-изјавил Орце
По изјавата на Орце и неговата страна на приказната, треба да се слушне и другата страна, естрадниот магазин Бекстејџ го направи баш тоа, ги побара одговорите од Ирена.