ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Не е точно дека имаме најевтин дизел во регионот, еве ги споредбите

by Тони Зографски

Според поранешниот пратеник Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема најевтино дизел гориво во регионот.

“Тврдењето на Владата дека во Македонија е најевтино дизел горивото не го зема предвид факторот на куповната моќ и примањата на граѓаните кои се пониски од регионот.

Со просечна нето плата може да се купи следнава количина дизел гориво:
Македонија – 342 литри

Србија – 409 литри

Бугарија – 456 литри

Грција – 655 литри

Хрватска – 656 литри

П.С. Оваа Влада (во последните неколку години) ги зголеми трговските маржи, трошоци, акцизи и следствено зафатот на ДДВ-то при малопродажбата на горивото…П.П.С. Доколку Владата ги намали давачките на ниво пред да ја преземе власта, цената на дизелот би паднала за околу 13 денари…

П.П.П.С. Со вакви актуелни давачки околу 43 отсто од цената на дизелот одат за државата…“, пишува Илија Димовски на својот Фејсбук профил.

останати вести