Аца Лукас дал прва изјава по учество за Песна на Евровизија. Како што рекол победничката песна “In corpore sano” на Констракта не му се допаднала.
„Да си ги измиев нозете на сцената, можеби ќе победев. Не ми се допаѓа победничката песна, имаше многу подобри песни. Мислев дека е потребен спектакл за победа. Сакав да направам нешто свето за мојата земја, но не успеав’, изјави Лукас.
Тој иронично одговори „едноставно не“ на прашањето дали повторно ќе се пријави на Евровизија. Но исто така и откри дека немал причина зошто да остане до крајот на натпреварот, па затоа си заминал порано.
„Не се налутив, не се лутам затоа што ништо не изгубив таму“, додаде Лукас.