ГОЛЕМОТО СРЦЕ НА СРБИНОТ: Ѓоковиќ понудил помош за Украина (ФОТО)

by Тони Зографски

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќму се понудил со било каква помош за Украина на украинскиот тенисер Сергеј Стаховски, кој моментно е мобилизиран како дел од територијалната одбрана на својата земја во екот на руската инвазија.

Стаховски на својот Инстаграм профил ја објави целата комуникација со Ѓоковиќ, кој му понудил помош во било која форма.

„Милев на тебе. Се надевам дека брзо сѐ ќе се смири. Те молам, упати ме на најдобрата адреса за да пратам помош, финансиска или било каква друга“, му напишал Ѓоковиќ на Стаховски.

Украинскиот тенисер само му се заблагодарил за поддршката.

„Украина ти е благодарна, фала ти на поддршката“, му одговорил Стаховски, потенцирајќи дека е на безбедно во Киев.

останати вести