Повеќе од 177 години по егзекуцијата, серискиот убиец Диого Алвеш сè уште ги заплашува случајните минувачи кои се сретнуваат со неговиот студен поглед. А, неговата совршено зачувана глава е во стаклена тегла на Медицинскиот факултет …
Главата е жолта, изгледа мирно и малку личи на компир. Сепак, приказната е навистина пострашна.
Диого Алвеш е роден во Галиција во 1810 година, а како дете бил испратен во Лисабон да работи како слуга во добростоечки куќи. Но, Алвеш набрзо открил дека животот како криминалец ќе му биде многу поисплатлив.
Тој се преселил во долината Алкантара, каде што ги пресретнувал земјоделците при нивното враќање дома од Лисабон. Потоа ги ограбувал и убивал, а тоа наводно го повторил дури 70 пати за само три години.
До денес не е јасно зошто престанал, бидејќи полицијата не била вклучена во решавањето на случаите , а смртните случаи биле оквалификувани како „самоубиства“, пишува Atlas Obscura.
Откако ја напуштил долината, основал банда која била насочена кон приватни резиденции, а кога го убил целото семејство откако упаднал во куќата на лекар, полицијата го фатила.
Се чини дека одговорот на ова прашање, кое многумина ги интересира, се крие само во тајмингот.
Алвеш бил обесен во 1841 година, во време кога френологијата како наука пристигнала во Португалија. Оваа дисциплина, која денес се смета за псевдонаука, ја развил германскиот лекар Франц Јозеф Гал.
Френологијата тврдела дека обликот на черепот го открива карактерот, па дури и склоноста на една личност. Затоа португалските френолози се заинтересирале за глава на криминалец како Алвеш.
Тој станал познат постхумно, а неговата глава, заедно со остатокот од неговото тело, инспирирало стрипови, измислени биографии и романи, како и немиот филм од 1911 година „Os Crimes de Diogo Alves“ (Злосторствата на Диого Алвеш).