На доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес, Бредли Купер се појави во елегантно издание на „Гучи“ и со задоволство позираше пред фотографите.
Сепак, неговото испеглано лице, речиси без брчки, ги поттикна гласините и шпекулациите дека е користен ботокс.
На фотографиите кои кружат по социјалните мрежи, мошне е очигледно дека Купер има многу помалку брчки од пред неколку години, а се чини и дека обликот на главата му е сменет и лицето изгледало како да е „замрзнато“.
За порталот „Радар“, пластичниот хирург Дејвид Садат истакна дека Купер е познат по својата глума, но и по „извајаните контури на лицето, кои овде изгледаат многу помазно“. Тој истакна и дека можеби актерот „ги лекувал брчките со невротоксин“.