Холивудската актерка Блејк Лајвли не користи помош од стилистите, но нејзините модни комбинации секогаш оставаат моќен впечаток – без оглед на тоа дали станува збор за прошетка со семејството или пак појавување на црвениот тепих.
Таа е секогаш беспрекорно облечена и чекор пред сите, Блејк сега повторно ги воодушевила присутните на њујоршката премиера на новиот филм на Netflix – „The Adam Project“ во кој една од улогите ја толкува нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.
Таа се определила за долг „Версаче“ фустан, во пастелни бои со смело деколте и длабок прорез. Токму поради тој момент, актерката имала проблем со фустанот, па во еден момент ѝ се виделе гаќичките.