Руските сили убиле докторка педијатар, која се обидела да стигне до телото на нејзиниот 14-годишен внук кој починал по гранатирањето.
Арсен (14) го загубил животот од повреди од шрапнел, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Службата за итна помош не можела да пристапи до областа и да го извлече неговото тело од урнатините поради постојаното ракетирање, па тоа го направила неговата тетка Марина Калабина.
Калабина, докторка која работела на Одделот за детска кардиологија и кардиохирургија, го возела телото на нејзиниот внук во болница во Кухари, Киев, кога Русите пукале во нејзиното возило, пишува Evening Standard.
„Починала на лице место“, соопштило Министерството за здравство.
Членовите на семејството сега не можат да стигнат ниту до телото на Арсен ниту до телото на неговата тетка бидејќи областа е под руска контрола. Докторката, наводно, се вратила во Украина од Полска за да биде на фронтот.
„Денес руските терористи и го одзедоа животот на докторката Марина Калабина. Тоа не се луѓе, тоа се терористи и ова секако не треба да помине неказнето! Нема да ви простиме“, изјави украинскиот министер за здравство Виктор Љашко.