Глумицата Фран Дрешер, која се прослави со улогата на познатата тв серија „Дадилка“, и по триесет години од емитувањето на култната серија изгледа феноменално.
Преживеала пекол, од силување до свирепа болест, но не дозволила тоа да и се одрази на животот. На доделувањето на SAG наградите Фран на црвениот тепих се појави облечена во долг црн фустан, кој беше покриен со сребрени детали. Косата ја врза во пунџа, а препознатливата насмевка не ја симнака од лицето цела вечер.
Иако денес е насмеана и весела, Френ преживеала вистински пекол пред повеќе од три децении. Нападот на популарната Фран се случил за време на вооружен грабеж на стан во 1985. година, во кој живеела со тогашниот сопруг. Разбојниците потоа ги силувале неа и нејзината пријателка, додека нејзиниот сопруг бил врзан и морал сето тоа да го гледа. Тој напад, како и разводот од нејзиниот сопруг во 1999. година, кој и кажал дека е хомосексуалец, биле само поттик за популарната актерка да добие рак на грлото на матката во 2000. година.
Таа била успешно излечена. Фран денес има 61. година, а во 2014. година се омажила за седум години помладиот Шивау Ајадураи, американски научник и компјутерски експерт.