833
Рускиот модел Ирина Шајк му даде поддршка на украинскиот народ по руската инвазија на Украина. Таа на Инстаграм објави симбол на мирот и ги повика своите следбеници да ѝ помогнат на Украина.
„Не за војната. Ќе донирам во УНИЦЕФ и Украинскиот Црвен крст. Ве молам најдете линкови за донации и ресурси на моите инстагам-стори. Дајте што можете. Се молам за мир во светот“, напиша Ирина.
На инстаграм-стори таа објави три фотографии направени во засолништа каде што се Украинците.
„Ве молам донирајте барем еден долар. Како воопшто можеме да спиеме, работиме или функционираме додека се случува ова?“, напиша Ирина.
Шајк минатата недела проговори за нападот врз Украина. Таа објави цртеж на земјината топка над која беше симбол што означува мир.
