Воениот конфликт во Украина предизвика трка меѓу новинарските екипи низ светот кој ќе објави автентични снимки и фотографии од воените зони и ќе ги пренесе најновите вести од светот.
На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат снимки и фотографии од воените области во Украина од страна на украниските власти и луѓето кои се присутни на настаните,додека набљудувачите надвор од Украина ги бираат своите страни, жалат по жртвите, се ужаснуваат од снимките од бомбардирањата, тагуваат поради потресните сведоштва.
На светските медиуми се појавуваат слики од деца, урнати куќи, запалени згради. Ги пренесоа како фотографии од рускиот напад на Украина. А всушност ги објави еден Србин.
„Синоќа на неколку сајтови во Америка, Британија и Австралија закачив фотографии од бомбардирање и го замолив народот да го осуди, што и го направија. На крајот пред да ме избришат им се заблагодарив и напишав дека тоа се фотографии кога тие во 1999 година ја бомбардираа Србија“, објави на својот фејсбук Владан Миличевиќ.
Потегот наиде на бројни реакции. Коментари оставале и луѓе од Русија, но и од Украина. А веста за тоа беше пренесена и во руските медиуми преку агенцијата ТАСС. „Српскиот ветеран Владан Миличевиќ изведе мал социолошки експеримент: објави непотпишани фотографии од НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999 година на сајтови во САД, Британија и Австралија и ги повика интернет корисниците да го осудат она што се случило“, пренесе руската агенција.