Холивудскиот актер Џони Деп, како што пишуваат српските медиуми, решил да изгради луксузна куќа во Србија.
Џони за време на посетата на Белград, кога беше одликуван со златна медаља за заслуги на Република Србија, бил и во посета на Космај – пишува Курир Старс.
Тој со пријателите бил во посета на неколку локации на оваа српска планина, со цел да разгледа куќи и плацеви на кои би изградил недвижност.
Џони кога беше во Србија, сакаше да го посети Космај. Слушна многу убави работи за тој дел од Србија. Тогаш не успеа, но им кажа на пријателите дека тоа ќе го направи следниот пат. Во пополнетиот распоред успеа да најде време и да види неколку куќи. Посебно се израдува што таму куќа има и Новак Ѓоковиќ кој многу го почитува. Неколку имоти му привлекоа внимание, а еден од нив е во близина на имотот на Новак, па им кажа на соработниците да се информираат додека тој повторно се врати во Белград,