Според познатиот францускиот пророк Нострадамус војната во Украина може да стигне сè до границите на Франција. Тој е познат по неговите предвидувања за големиот пожар во Лондон и доаѓаењто на Хитлер на власт, а сега ја предвиде и војната во Европа.
Иако е тешко да се одредат точните датуми на неговите предвидувања – изложени во неговата позната книга Les Profeties од 1555 година – се верува дека тој замислил дека ќе има голем конфликт оваа пролет.
Меѓу неговите предвидувања од 942 година беше нејасен предлог дека Франција може да се соочи со закана од исток.
„Сините глави ќе направат исто толку штета колку што Франција ќе направи и за двајцата“, се вели во книгата.
Сепак, експертот за Нострадамус, Боби Шилер, сугерираше дека Третата светска војна би можела да се случи „во следните неколку години“.
„Нострадамус предвидел дека тоа ќе биде голема и долга војна, од 25 до 29 години, по што ќе следат неколку помали“, рече Шајлер уште минатата година и објасни дека потоа ќе следи добата на Сатурн и илјадници години ќе владее мир во светот.
Во неговото второ предвидување за 2022 година пишува и за удар на астероид и поплави кои ќе направат пустош низ голем број земји, а потоа ќе предизвикаат и масовна глад.