Почина Марина Ристова, девојката за која се сплоти цела Македонија. Младата Кавадарчанка ја изгуби битката со болеста. Пријателите и најблиските преку социјалните мрежи се збогуваат со неа:
„Драга моја и непрежалена Марина Ристова
Ти реков … не се откажувај
Ти ми рече … не можам повеќе
Ти реков…можеш и мораш!
Ми рече … имам ужасни болки, ова моето трае долго време
Се надевам дека ништо нема да те боли таму каде што замина
Патувај до портите на рајот, најди мир и спокој, иако не беше за таму
Секогаш ќе се сеќавам на твоето насмеано и весело лице.
Почивај во мир мило дете“, стои во една од објавите.