Украинските власти тврдат дека првото убиено дете од почетокот на руската инвазија на Украина е ученичка од четврто одделение од Киев по име Полина. Украинските медиуми пишуваат дека таа имала девет години.
“Таа и нејзините родители беа убиени од руска диверзантско-извидувачка група која отвори оган врз нивниот семеен автомобил“, изјави заменик-градоначалникот на Киев, Володимир Бондаренко.
Братот на Полина е повреден и се наоѓа на лекување во детска болница, додека нејзината сестра е на интензивна нега.
Во петокот почина и седумгодишната Алис Хланс. Таа беше убиена во ракетен напад врз детска градинка во градот Охтирка во североисточниот регион Шуми. Тогаш беа убиени вкупно пет лица.
Главниот украински обвинител Ирина Венедиктова изјави дека девојчето било пренесено во болница со сериозни повреди и починало следниот ден. Лекарите се борат за животот на уште едно дете кое тој ден беше повредено во градинка.