Откако го заврши снимањето на серијата Преспав, Тијана Дапчевиќ ужива на втор меден месец со сопругот Милан. Тијана и Милан се во Кралството Бахреин.
“Миле мој. Љубов ми е”, напиша Тијана под сликата која ја објави со сопругот.
Пред арапската авантура, семејството Дапчевиќ беше на уште едно патување, во Италија, но со Вук, синот кој има девет години. Вук е музички талентиран на мајка си, тој за разлика од Тијана чија љубов е виолончелото, свири пијано. Тијана неодамна го сними хитот Километри а во Преспав ја глуми германката Ула.