Војната во Украина очигледно ги преплаши македонските граѓани, па дел од нив деновиве купуваат поголеми количини на храна.Во продавниците се повторува сценариото од пред речиси две години, кога почна пандемијата. Помалите маркети речиси и да се празни, а во поголемите има поголем избор, но ги нема оние производи што се со најниски цени.
Најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна, велат трговците.
На социјалните мрежи се појавија фотографии со празни полици со прехранбени производи, и тоа главно леб, брашно, тестенини, пијалоци, вода, но и хигиенски производи.
Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.