Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе имате зголемена потреба за нежност и внимание. Венера во Вага ви ја зголемува страста, но сепак бидете присебни. Внесете малку поголема комуникација во односот со блиските.
РАБОТА: Ќе бидете прилично задоволни од настаните на деловното поле оваа недела. Ќе имате можност за напредок. Ќе се појават мали пречки, внимавајте да не ви создадат преголема нервоза.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на нервозите, можат да ви го загрозат здравјето.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе ви биде одлична кога станува збор за социјалниот статус. Ќе бидете повикани на бројни забави и дружења. Помогнете му на партнерот подобро да ги согледа работите.
РАБОТА: Работата ќе ви оди одлично. Вашите планови како да немаат грешки и проблеми. Единствено парите може да ве загрижуваат, но со паметна пресметка ќе успеете да се снајдете.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со крајниците.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете многу озбилни кога станува збор за љубовните односи. Не правете нагли потези, вашиот партнер не заслужува критики. Ќе имате прекрасни и незаборавни моменти поминати заедно.
РАБОТА: Ќе имате голема инспирација и ќе ги сработите сите нешта. Ќе бидете уметнички настроени, ќе го зголемите темпото на работа и ќе создадете одлични дела. Колегите ќе ве наградат со силен аплауз.
ЗДРАВЈЕ: Можен е замор и главоболка.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Интересен период под влијание на Венера во Лав и на Месечината во Близнаци. Семејството ќе ви даде најголема поддршка. Ќе се појави некоја нова љубовна шанса која ќе ви го разубави животот.
РАБОТА: Иако сте прилично борбени, оваа недела ќе им попуштите на тврдоглавите лица. Ќе имате одлични идеи и замисли. Вашата организираност ќи ви помогне при обавувањето на задачите.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на настинките, облекувајте се соодветно.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Со оглед на тоа што вашиот владетел Сонцето е во Вага, ќе се потрудите максимално да ја поправите ситуацијата во љубовното поле. Иако не сакате да сте во центарот на вниманието, оваа недела ќе се трудите да бидете токму таму, во кругот на вашите блиски лица.
РАБОТА: Позитивното размислување и расположение ќе биде одличен поттик за вашата ментална енергија. Насочете ја креативноста кон тешките задачи и ќе доживеете успех.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Оваа недела ве очекува топлина и поврзаност со блиските лица. Ќе бидете задоволни со нивните посапки и среќни што имате лица на кои можете да се потпрете. Оние кои се сами, ќе имаат одлична можност да запознаат лице од спротивниот пол.
РАБОТА: Деловните побарувања ќе бидат засилени. Меркур вашиот владетел ви донесува можност за расветлување на многу деловни и финансиски нешта. Ќе бидете наградени за постигнатиот успех.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате добро, но не заборавајте да се одморите.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Вашата ѕвезда оваа недела посилно ќе сјае од сите останати, но тоа не значи дека вие не треба да вложите труд. Имате големи планови во љубовта, па затоа стапете во акција и исполнете ги.
РАБОТА: Сакате да направите големи промени во деловното поле, а за тоа многу ќе ви помогне вашата способност за преговарање. Некои луѓе погрешно ќе ве сфатат и ќе бидете јавно искритикувани, па затоа обидете се да ја поправите ситуацијата без многу врева.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Доколку посакувате враќање на старата љубов ќе морате да ги спуштите штитовите кои сте ги кренале пред себе. Достапноста на Марс во Девица ви носи сериозни кризи на љубовното поле кои можат да ви остават дамка во целиот живот.
РАБОТА: Доколку имате финансиски и деловни проблеми не се повлекувајте туку обидете се веднаш да ја поправите ситуацијата. Одложувањето ќе биде болно за вас и ќе ви нанесе голема штета.
ЗДРАВЈЕ: Применувајте вежби за релаксација.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Кон партнерот бидете нежни, а кон пријателите искрени. Немојте да играте двојна игра, можете да се изгорите. Бидете искрени во своите намери и желби без оглед дали партнерот или семејството ќе ве критикуваат.
РАБОТА: Не фантазирајте да имате многу повеќе од тоа што го имате во моментов. Работете вредно, оваа недела имате сериозни шанси да напредувате. Колегите ќе се обидат да ве вовлечат во валкани игри. Внимавајте.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно и без проблеми.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Сонцето во Вага ќе ве натера на некои промени во врската во која се наоѓате. Оние кои се слободни нема да соберат храброст да му пристапат на лицето кое им се допаѓа. Некои пријатели ќе ви го завртат грбот.
РАБОТА: Сонцето во Вага ви носи одлична деловна недела во која ќе ви се исплатат сите деловни залагања. Влијанието кое го имате над колегите или надредените ќе биде зголемено, а вие секојдневно ќе бележите нови успеси.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на забите, посетете го навремено вашиот стоматолог.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Венера во Лав укажува на важноста на вашата судбина и на патот по кој сте тргнале. Ќе морате да се позанимавате со приватниот живот. Немојте да бидете груби кон партнерот, можно е да го загубите.
РАБОТА: Едно деловно изненадување ќе се претвори во голем успех за вас. Самодовербата ќе ви порасне па одеднаш ќе станете способни за се што досега не сте биле. Внимавајте да не загубите некои пари, постои можност да ви бидат украдени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Ќе им бидете драги и мили на сите околу вас. Оваа недела ќе зрачите од радост. Вашите мечтаења дополнително ќе се зголемат, а вашите блиски лица ќе уживаат во ваша близина. Партнерот ќе биде неизмерно среќен покрај вас.
РАБОТА: Финансиски не би требало да имате проблеми, бидејќи добро ќе соработувате со сите лица на работното место и ќе имате шанса да покриете некои дупки кои настанале од невнимателното работење претходно. Потрудете се да бидете постојано информирани за новите случувања во деловниот свет. Бидете упорни и ќе доживеете голем успех.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви биде потребен одмор и опуштање.