Сега веќе пензионираниот руски тенисер, Сергиј Стаковски стана централна мета во јавноста овие два дена откако излегоа информации дека се одзвал на повикот на украинскиот претседател и се пријавил како доброволец да помогне во војната со Русија.
Стаковски стана познат на тениската јавност уште во 2013 година кога како 112. светски тенисер успеа да креира вистинско чудо и во третото коло од Вимблдон да го совлада Роџер Федерер.
Сега, Стаковски кој извесен период е надвор од тенисот, наместо тениски рекет во раката ќе држи пушка и ќе ја брани својата татковина од руските напади.
– Секако дека сакам да одам таму и да се борам. Се пријавив минатата недела во резервниот состав.
– Немам воено искуство, но приватно имам искуство со оружје, -изјави Стаковски за украинските медиуми.