“ЖЕНИТЕ ЌЕ ГО ПОНЕСАТ НАЈГОЛЕМИОТ ТОВАР“: Славна руска манекенка за состојбата во Украина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Руската манекенка и поранешен модел на Викторија Сикрет, Наталија Водианова, на Инстаграм се огласи за војната во Украина.

„Како мајка, моето срце е со сите мајки кои ги трпат последиците од неодамнешните настани во Украина и со сите оние кои се погодени од овој конфликт. Жените ќе го сносат најголемиот товар од овој конфликт и сакам да знаат дека не се сами. Не можам сама да помогнам, но како заедница може многу да направиме “, напишала таа.

Патем, Наталија Водианова е родена во Нижни Новгород. Почнала да се занимава со манекенство на 15 години, а две години подоцна се преселила во Париз и постигнала голем успех во светот на модата.

Таа е мажена и мајка на пет деца.

останати вести