Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Инфламацијата се однесува на процеси во телото кога се бори против работи кои се штетни за него (инфекција, повреда, токсини). Кога нешто ги оштетува клетките телото ослободива хемикалии кои поттикнуваат одговор на имунолошкиот систем за да заздрави инфекцијата или повредата. Одговорот вклучува зголемен крвен проток во оштетеното подрачје и ослободување на антитела и белковини.
При акутната инфламација, посекотина или настинка, процесот трае неколку часа или неколку дена. Кога процесот ќе се стави под контрола, инфламацијата се намалува и телото се враќа во нормала.
Хронична инфламација се случува кога одговорот трае и телото е во постојана состојба на алармирање. Пролонгираниот инфламаторен одговор вклучува промени во клетките. Истовремено се одвива и деструкција и заздравување на ткивото од инфламаторниот процес.
Хроничната инфламација која трае не е корисна за телото. Ако сте под хроничен стрес, ако сте гојазни или имате автоимуна болест инфламацијата не си оди, тука е постојано. Хронична инфламација е тивок убиец и може да води до проблеми како артритис, срцева болест, мозочен удар, тип 2 дијабетес или канцер.
Причини за хронична инфламација:
– нетретирана акутна инфламација, инфекција или повреда
– автоимуна болест, имонолошкиот систем по грешка ги напаѓа здравите ткива
– долготрајна изложеност на иританси, индустриски хемикалии, загадување на воздухот
– пушење
– обезност
– алкохол
– хроничен стрес
Симптомите може да траат неколку месеци или години:
– замор
– болки во телото
– депресија или анксиозност
– гастроинтестинални тегоби (дијареа, опстипација)
– пораст или губиток на тежината
– повторувачки инфекции
Хроничниот инфламаторен одговор ги оштетува здравите клетки и ткива, може да настане оштетување на ДНА, смрт на клетките и внатрешно ожилување. Овие промени може да водат до развој на болести:
– канцер
– срцева болест
– ревматоиден артритис
– тип 2 дијабетес
– обезност
– астма
– пад на когнитивните функции или деменција (кај постарите)
Третманот вклучува:
– физичка активност
– губиток на тежина
– намален внес на сатурирани масти
– овошје и зеленчук, здрави масти, маслиново масло, цели зрна, посно месо, риба, мешунки
– храна со низок гликемиски индекс (зелен зеленчук, моркови, повеќето овошја, грав, леќа, наут), со среден гликемиски индекс (пченка, банани, овес, суво грозје, трици, р′жан леб)
– суплемети: лук, ѓумбир, рибино масло, куркумин, липоична киселина
– исхраната не вклучува високо процесирана, преработена храна, газирани пијалоци, процесирано месо (сувомеснати)
Сé уште има многу непознаници за тоа како храната влијае на нивото на инфламација. Промена на исхраната помога да се прекине инфламаторниот процес штитејќи го телото од понатамошно оштетување. Болеста не може да се излечи но може да се помогне во ублажување на симптомите.
Консумирање на храна која го намалува воспалението се поврзува со намален ризик за повеќе здравствени проблеми и хронични болести како дијабетес и болести на крвни садови и срце.