Холивудската актерка Анџелина Џоли е позната како некој што долго се занимава со хуманитарна работа, преку помагање на луѓето кои живеат во загрозените делови на планетата.
Таа исто така е и голем борец за човековите права, поради што не останала имуна на моменталната состојба во Украина.
По тој повод Џоли се огласила на својот Инстаграм профил, каде го искажала својот став и суд за руската инвазија во Украина.
„Како многумина од вас, се молам за луѓето во Украина. Мојот фокус и фокусот на моите колеги од UNHCR е да се направиме сè што е можно за да им се обезбеди заштита и основни човекови права на раселените лица и бегалците во регионот“, напиша актерката, додавајќи:
„Веќе ги видовме извештаите за жртвите и луѓето кои почнале да бегаат од своите домови барајќи безбедност. Прерано е да знаеме што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се пренагласи“, смета Анџелина.
Да потсетиме, актерот Шон Пен (61) моментално е во Киев и снима филм за руската инвазија.
На протестот против руската инвазија на Украина пред руската амбасада во Мадрид се приклучи и колегата Хавиер Бардрем (52).