Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ влезе во вербална војна со директорката и главната уредничка на “Студио Б“, Ивана Вучичевиќ, нарекувајќи ја “фукса“. Тој ова го напиша на Твитер, откако Вучичевиќ изјавила дека Сергеј не се појавил во една од нејзините емисии на кој таа го поканила.
Но, директорката на “Студио Б“ не му остана должна. Таа на една емисија на телевизија Пинк, каде што гостувала, се изјаснила што мисли за навредите од Сергеј.
“ Тој е пропаднат актер и наркоман. Тој не може да се нарече актер, тој е пропаднат наркоман, алкохоличар и се надевам дека наскоро ќе го сретнам да му залепам шамар. Со навредата “фукса“ тој не ме понижи само мене, туку сите останати жени, а тоа нема да го дозволам – изјавила Ивана.
Инаку, на Сергеј Трифуновиќ , “фукса“ му стана заштитен збор откако и претходно истиот збор им го упатуваше на жените со кој влегуваше во конфликт на Твитер.