Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа во врска со информацијата дека тв-презентерката Бесмира Ејупи била избрана за конзул во Њујорк, по која МНР информираше дека Македонија веќе има назначено конзул на тоа место. Според него, до некаде е нормално да се испраќаат политички одбрани дипломати во ситуација кога, како што вели тој, и директорите на болниците и училиштата се бираат политички.
– Ми беше јасно, дека политичките партии си бараат позиции кај нас. Така се поставуваат и директори на школи и директори на болници. Веќе кога политички се одбираат дипломати, тоа да е во иднина што помалку и помалку и човекот што го поставувате политички да ги исполнува критериумите и да ја извршува задачата, рече Димитров.