“ДАЛИ СТЕ ДОБРО?“: Келнер во Старбакс се понудил да и помогне на девојката со порака напишана на чаша (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Необична човечка приказна се случила во Тексас, САД. Во градот Корпус Кристи, осумнаесетгодишно девојче излегло во Старбакс да пие кафе. Постар странец и пришол сакајќи да започне разговор, но девојката не била расположена за разговор.

Вработен во Старбакс ја забележал сцената, па на девојката и дал шолја топло чоколадо на кое пишувало:

„Дали сте добро. Ако сакате да се вклучиме и да ви помогнеме,тргнете го  капачето од кафето?

Девојката рекла дека е добро. Подоцна таа и кажала се на нејзината мајка Брејди Селим Робертсон, која им се заблагодарила на вработените во Старбакс.

– Се надевам дека сите ќе научиме нешто од оваа приказна, за да им помогнеме на непознати во неволја – истакнала мајката на девојчето, Брејди Селим Робертсон.

останати вести