На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, поточно на Партизанска, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената која помина само со повреди.
Само нејзината храброста беше пречка овој крадец да го испразни сефот и да си замине со полн плен. Жената му се спротивстави на крадецот кој во раката имаше нож и ја повреди вработената во левата рака и и левата надлактица.
Повредена, вработената била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде поради шок не можела ниту даде изјава и да посведочи пред полицијата.