Новата песна на Оливер Драгојевиќ со наслов „За твоје добро”, за која текстот го напиша неговиот пријател и колега Златан Стипишиќ Џибони, е достапна на Јутјуб.
Пејачот почина на 29 јули годинава, на возраст од 71 година, по битката со ракот на белите дробови, но тој остави зад себе голем број хитови по кои публиката засекогаш ќе го помни.
Хрватот зад себе остави безвременски хитови кои со сигурност ќе се пеат уште многу генерации.