Двегодишно девојче доживеало траума откако било затворено само во градинка во Флорида, додека персоналот истиот ден отишол дома малку порано и очигледно заборавиле на детето.
Револтираната мајка Стефани Мартинез изјавила дека во средата околу 18 часот и 30 минути пристигнала во градинката „KinderCare“ но пронашла заклучената врата и нејзиното дете внатре, пренесе NBC6.
– Моето дете е крајно истрауматизирано – изјави Стефани за хорор искуството.
Исплашена и запрепастена Стефани повикала противпожарна бригада и брза помош, која веднаш дошла и го „пуштила“ девојчето, дозволувајќи и на нејзината мајка да ја прегрне.
Мајката им кажала на надлежните дека не добила повик од градинката да ја земе ќерката, а од полицијата велат дека последните две вработени во градинката заминале околу 18 часот и 20 минути, околу осум минути пред да дојде мајката.
Од градинката „KinderCare“ се огласија со соопштение во кое се наведува дека го истражуваат настанот.
– Сериозно ги сфаќаме сите грижи за безбедноста на децата и се придржуваме до одреден протокол секогаш кога ќе се појави такво прашање. Дел од тој протокол вклучува известување на нашите партнери во агенциите, како што се државните лиценци и Службата за заштита на децата, како што направивме во овој случај. Ги ставивме и вработените кои се вклучени на административно отсуство додека ние и нашите партнери во агенцијата продолжуваме да го разгледуваме проблемот – соопштија од градинката.
Истрага за застрашувачкиот случај покренаа и Службата за заштита на децата и полицијата.
Семејниот адвокат Марк Дикауден изјави дека мајката планира да поднесе тужба против дневниот центар.
– Целиот овој настан можеше да се избегне доколку „ KinderCare “ не ги напушташе обврските и мало дете. Најголемиот проблем е што никој од градинката не се потруди да се јави на телефон во оваа вонредна ситуација, не успеваат да се извинат за лошото однесување и да дадат ништо друго освен лош изговор за тоа што се случи – рече адвокатот.