Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска преку својот Инстаграм профил сподели дека ѝ откриле тумор на главата.
Имено, Шијакоска сподели дека извесен период нема да биде присутна на социјалните мрежи како до сега поради нејзината здравствена состојба.
” Имам една поговорка по која секогаш се водам: – Ако си среќен, да знаеш дека ќе помине. Ако ти е лошо, и тоа ќе помине. Се се случува со причина и никогаш не треба да се сомневате во одлуките и изборите кои ги направил Господ за вас… Дури ни во најлошите кошмари, никогаш не замислував дека еве ќе дојде до оваа точка, но… Ми открија тумор на главата и ме чека операција, која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу…
Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака. Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите. Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред“, напиша Александра.