Поранешниот шеф на француската агенција за модели Жан-Лик Брунел (75),обвинет за силување и под истрага дека му носел малолетни девојчиња на починатиот американски богаташ Џефри Епстајн, е најден мртов во затвор. Телото на Брунел наводно било пронајдено обесено во неговата ќелија рано утрово. Француското обвинителство ја потврди веста и рече дека е отворена истрага за точната причина за смртта, но првите индиции укажуваат на самоубиство.
Брунел беше во истражен притвор од 2020 година поради обвинение за „силување на малолетно лице“. Додека во јуни 2021 година неколку поранешни манекенкиго обвинија Брунел за сексуално вознемирување.
Тој исто така беше осомничен дека посредувал помеѓу девојки и американскиот милијардер Џефри Епштајн, кој исто така беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во август 2019 година. Тој во јули 2019 година во САД беше обвинет за организирање на мрежа на млади девојки, кои сексуално ги експлоатирал во периодот од 2002 до 2005 година.