704
Доктор Ненад Лазаров утрово на Фејсбук објави дека колегите кои денес ќе примат пациенти јавно со име и презиме ќе бидат објавени.
„Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот.
Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е“, напиша Лазаров.
Инаку, матичните лекари денеска нема да издаваат упати, да прегледуваат пациенти ниту да го користат системот „Мој термин“ поради револтот од тоа што никој не ги слуша нивните проблеми и не им нуди помош. Исклучок ќе бидат итните пациенти.
