ИВАНОВСКА: Луѓето си одат од државата поради непотизам и мешање на политиката

by Тони Зографски

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека луѓето си одат од државата поради непотизам, клиентелизам и мешање на политиката во сите сегменти.

Ивановска потенцира дека сите треба да придонесат за искоренување на корупцијата.

-Ме радува фактот што граѓаните веќе го знаат тоа и им пречи и се повеќе отворено реагираат. Од друга страна лошо е корупцијата изби на прво место во државата, констатира претседателката на ДКСК.

За укинатата пресуда за случајот со екс-судијата Владимир Панчевски и неговото излегување од затвор, Ивановска вели:

-Нели судски одлуки не се коментираат… Сепак тоа е Врховен суд и така одлучил. Панчевски беше на црната листа на Стејт Департментот, но тоа е тоа, оценува Ивановска.

Според неа, само министерот треба да користи службено возило, а не едно Министерство да има повеќе од 20 возила.

Таа додава дека не знае зошто се мачиме толку со прашањето околу Европска Унија, кога само од нас зависи добриот живот.

останати вести